Кривичниот суд им определи мерки на претпазливост за десетмината осомничени, меѓу кои и поранешниот директор на затвороот во Шуто Оризари.
Ексдиректорот на затворот Филип Аднов, според информациите, им овозможил на петтмина осуденици, незаконски да бидат повремено ослободувани.
На осомничените им е одземен пасошот и имаат забрана за напуштање на живеалиштето. Треба да се јавуваат повремено на определено службено лице во судот. Не смеат да одржуваат контакти или врски со определени лица и имаат и забрана за преземање на определени работни активности, кои се поврзани со кривичното дело.
Петмина осуденици биле ослободувани по 8 до 10 часа со факсимил или потпис на Андов. Второосомничен е командирот на затворска полиција, кој изготувал наредба за нивен спровод, а понекогаш тоа го правел и третоосомничениот затворски полицаец и личен возач на директорот. Останатите осомничени се затворски полицајци.