Судот одлучи Касами да остане претседател на БЕСА

by Фокус

Основниот судот – Скопје 2 го одби барањето на противниците на Биљал Касами за нов привремен лидер на БЕСА да биде впишан Неџмедин Карамани.

Поддржувачите на Касами велат дека со ова завршува манипулацијата на една нeзадоволна група, коja, според нив, лажно се претставувале дека имаат мнозинска поддршка во партијата.

-Со ова конечно завршува манипулацијата која имаше намера да и наштети што повеќе на БЕСА – рече Абдуш Демири.

Од спротивниот табор, пак, објаснуваат дека судот не го оспорил мнозинството против Касами, туку постапката на доставување на документацијата, поради што, велат тие, конечната одлука ќе ја донесе по конгресот.

-На конгресот, освен легитимитетот, и легалноста ќе му припадне на апсолутното мнозинство – рече Даим Лучи.

Поврзани новости