Судот не се осмели да му го одземе пасошот на Мијалков

by fokus

Основниот суд Скопје 1 денеска го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, кој е осомничен во случајот „Трезор“.

Судот го одби предлогот за одредување на мерки за претпазливост за екс директорот на УБК со образложение дека е неоснован. Одбиени се и мерките за претпазливост и за останатите двајца осомничени во случајот „Трезор“, поранешниот шеф на кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски, и поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ.

Сашо Мијалков вчера беше на распит во Основниот суд Скопје 1 токму за случајот „Трезор“, а денеска беше на распит во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тортура“.

 

Поврзани новости