Судот не можел да го отвори УСБ-то на кое се барањата за мерки за претпазливост на СЈО

by fokus

Основниот суд Скопје 1 соопшти дека ги вратил предлозите на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерки за претпазливост за четири лица од случајот „Трезор“, бидејќи УСБ-то на кое биле доставени било кодирано и не можеле да го отворат.

-Со оглед на ново настанатата ситуација службено лице кое во судот ги заведува предметите го извести СЈО дека не може да се пристапи до наведеното, УСБ бидејќи истото е кодирано на што е добиен усмен одговор од обвинителството дека доказите ќе може да се разгледуваат само и исклучиво во нивно присуство и дека само тие ќе имаат право да пристапат до нив. Нејасно е како судиите на претходна постапка треба да постапуваат по предлозите и да ги разгледаат доказите пред да постапат по нив, како би ги повикале странките, меѓу кои и овластениот обвинител, ако претходно не го разгледаат писмено образложениот предлог и основите што ги навел поднесувачот на предлогот, односно  доказите, кое нешто е јасно предвидено во Законот за кривична постапка, велат од Судот.

Од Судот додаваат дека ова било преседан во досегашното постапување пред овој суд и прашуваат дали со ова, СЈО  се обидува да ги заштити лицата против кои го поднел предлогот, а вината за непостапувањето и одолговлекувањето на постапката, се обидува да ја префрли на судот.

Поврзани новости