574
Основниот суд Скопје 2 денеска отвори стечајна постапка за телевизијата Нова, каде сопственик е исто така Сеад Кочан. За стечаен управник е назначена Христина Јоновска.
Предлогот за отворање на стечај го поднесоа 43 поранешни вработени во телевизијата поради неисплатени плати и придонеси а на листата на доверители се новинари, сниматели и монтажери.