Вишиот управен суд на 12 декември минатата година донел одлука со која се поништува лустрација на академик Божин Павловски на Комисијата за верификација на фактите.
Во образложението на одлуката се наведува дека „одлуката на Комисијата за лустрација на Божин Павловски се поништува поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба“, информираше „Клуб Матица“.
Божин Павловски беше лустриран по неговата жестока реакција во медиумите по повод лустрацијата на починатиот академик Славко Јаневски.
Тој е автор на деветнаесет романи, високо вреднувани од страна на домашната и странската литературна критика. За своето богато творештво добитник е на национални и меѓународни награди и признанија,меѓу кои на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата во Република Македонија и на Интербалканската награда во Солун, Грција.