Окружниот суд во Флорида денеска ја отфрли тужбата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп против Хилари Клинтон, неговата ривалка на изборите во 2016 година, во која тој тврдеше дека таа и другите демократи измислиле наводи за руско мешање во изборниот процес.
Судијата Доналд Мидлбрук во образложението наведе дека во тужбата не се бара надомест на никаква правна штета.
-Тој сака да се пофали со политички манифест од 200 страници во кој изнесува жалби против политичките противници, се вели во пресудата.
Во март, Трамп ја тужеше Хилари Клинтон, демократскиот претседателски кандидат за 2016 година, и други демократи за наводно „рекетирање“, „заговор за прикажување на штетна лага“ и други тврдења што тој постојано ги изнесуваше за време на неговите четири години од функцијата во Белата куќа.