Судот го одложи рочиштето за 27 април, обвинетите добија време за увид во доказите

by Фокус

Адвокатот на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, Јордан Апостолски, изјави дека судот го одложил рочиштето за оценка на обвинението за 27-ми април, бидејќи, како што рече, не ги добиле сите потребни докази, па судот им дозволил да направат увид во доказите, по што повторно ќе биде одржано рочиште за оценка на обвинението.

Апостолски истакна дека побарале од судот седницата да биде јавна, но судот го одбил барањето, со образложение дека јавноста е предвидена само за судењата, а не и за оценката на обвинението.

Инаку, обвинетите Атанасовски, Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, според обвинителството, на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство.

Поврзани новости