Судијата во Њујорк денеска го одби барањето на Доналд Трамп за отфрлање на кривичната пријава за поткуп на порно ѕвезда во замена за молчење, со што се отвора патот за првото кривично судење на поранешниот американски претседател.
Судијата Хуан Мерчан го одреди датумот на судењето на 25 март, една од четирите кривични обвиненија со кои се соочува Трамп додека се бори за републиканската номинација за да го оспори демократскиот претседател Џо Бајден на изборите на 5 ноември.
Трамп (77) побара од Мерчан да го отфрли обвинението од 34 точки, кое го товари за фалсификување деловни досиеја за да ја прикрие исплатата од 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.
Пред сослушувањето, Трамп ги повтори своите тврдења дека случајот е политички мотивиран.
„Ако не се кандидирав за претседател и ако не стоев добро, нема шанси да го изнесат ова“, рече тој пред судницата.