Судот го доби известувањето за одземениот имунитет на пратениците

by fokus

Кривичниот суд денеска го добил известувањето од Собранието дека на шестемина пратеници осомничени за 27 април им е одземен имунитет.

-Известувањето од Собранието на Р.М. поврзано со барањето на судот околу имунитетот на пратениците за кои е поднесен предлог од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција е пристигнат во Основниот суд Скопје 1 – Скопје и истиот е доставен на надлежните судии на претходна постапака, со што се создадени услови да се постапува во предлогот на обвинителството, велат од Судот.

Оттаму не кажуваат кога ќе се одлучува дали на пратениците ќе им биде одреден притвор, но неофицијално тие се повиканите на распит утре во 10 часот.

Поврзани новости