Судот ги штити Јанакиески и Канческа-Милеска од медиумите

by fokus

Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека нема да каже кога ќе бидат сослушани министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кои се осомничени, за да ги заштител од „медиумски спектакл“.

-Ја информираме јавноста дека со оглед на тоа што со постапките на СЈО се прават спектакли со кои секојдневно се занимава јавноста преку прес–конференции и телевизиски излагања, а истовремено не се води сметка за презумијата на невиност и за законитоста на постапките, судот, респектирајќи го дигнитетот на судската власт, нема да учествува во ваков вид спектакли туку, наместо тоа, отсега благовремено и прецизно ќе ја информира јавноста за сите донесени одлуки преку соопштенија, велат од Судот.

Специјалното јавно обвинителство уште во четвртокот испрати барање до Судот на двајца осомничени да им бидат одземени пасошите и еднаш неделно да се јавуваат кај службено лице во судот, за што тие уште не се повикани на распит.

Поврзани новости