(ВИДЕО) Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Франција

by fokus

Над 160.000 лица демонстрираа во Франција против новите здравстени мерки, од кои околу 11. 000 во Париз.  Полицијата вечерва успеа да ја врати контролата кај Елисејските полиња, додека демонстрантите им викаа: „ова го правиме за вашите деца“; „Направете државен удар, момци!“.

Според процените на Министерството за внатрешни работи денеска демонстрираа 161. 000 демонстранти во Франција, наспроти 114. 000 минатата недела. Од друга страна, тие биле помалубројни во Париз: 11. 000, наспроти 18. 000 на 17 јули.

Извор на дебата и предмет на бројни измени и дополнувања од Националното собрание, презентирање на здравствена потврда (целосна вакцинација или неодамнешен тест).

Инаку, најважните собири се одржаа во Париз, но исто така и на југот на Франција, во Марсеј, Ница и Монпелје. Вкупно, Министерството за внатрешни работи забележа 168 демонстрации на кои најчесто можеше да се слушнат извиците „За слобода“ и „Против здравствената диктатура, против проширувањето на здравствениот пасош и задолжителното вакцинација против Ковид-19 за одредени професии.

Многу големо мнозинство Французи (76 отсто) сепак ја одобруваат одлуката на претседателот, Емануел Макрон, да ја направи вакцинацијата задолжителна за здравствените работници и другите професии, со казни. Проширувањето на здравствениот пасош (целосна вакцинација или неодамнешен негативен тест) добива мнозинско одобрување, но нивниот процент варира во зависност од засегнатите места.

Поврзани новости