60
Девет лица се повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, блиску до излезот кон Панчевачки мост, јави РТС.
Несреќата се случила попладнево во тунелот кај студентскиот дом „Карабурма“.
На терен се екипи на Итната помош и 25 пожарникари со пет возила.
Во 18 часот и 42 минути било добиено известување дека товарен воз налетал на патнички воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, поблиску до излезот кон Панчевачкиот мост.
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ е на местото каде што се судрија возовите во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост.