Судир меѓу полиција и граѓаните во Нови Сад

by Fokus

Судири со граѓаните и фрлање јајца кон полицајците го означи почетокот на денешната седница на новосадското собрание, на која треба да се избере нов градоначалник, откако претходниот поднесе оставка поради уривање на настрешница на железничката станица при што загинаа 15 лица.

Зградата на Градското собрание од рано утрото ја обезбедуваат голем број полицајци, кои граѓаните се обидуваат да ги потиснат и да го изразат своето противење на политиката на владејачката Српска напредна партија (СНС), која, според лидерите на опозицијата во Нови Сад, доведе до смрт на невини луѓе на железничката станица.

Mesto: Novi Sad
Datum: Mon Feb 24 11:36:26 CET 2025
Dogadjaj: DRUŠTVO – Grupa građana gađala je jutros jajima policiju ispred Skupštine grada Novog Sada, uoči početka sednice o izboru gradonačelnika, nakon čega je došlo do guranja, kao i sprečavanja odbornika opozicije da uđu.
Fotoreporter: Marko Dragoslavić
Izvor: FoNet

– Дојдовме да влеземе во зградата што ни припаѓа, не дојдовме да ја окупираме зградата, не сме вандали. Ова е наредба од Белград, овде седат луѓе кои им извикуваа „усташи“ на студентите и сега не ни дозволуваат на нас советниците да влеземе на седницата на собранието – изјави советникот од опозициската Демократска партија, Вељко Крстоношиќ, објаснувајќи како дошло до инцидентот.

По половина час судири ситуацијата се смирила кога студентите и нивните професори застанале пред кордонот од голем број полицајци во опрема за разбивање бунт.

На граѓански протест поради изборот на новиот градоначалник на Нови Сад повика лидерот на опозицијата Миша Бачулов, а му се придружија и Обединетата новосадска опозиција, како и просветните работници.

Поврзани новости