Судијката во “Рекет” со предупредување: Судницата не е место за правење на шоу!

by fokus

На почетокот на денешното судење за случајот “Рекет”, судијката Васка Николовска Масевска ги предупреди сите присутни во судницата да го почитуваат редот во судницата, и да не се дофрлаат лични квалификации.

-Свесно ве оставив да покажете на кое ниво имате намера да го сведете овој процес. Сега барам да го почитувате судот и да не дофрлате лични квалификации, бидејќи судницата не е место за правење на шоу. Се надевам дека моето предупредување ќе го сфатите сериозно, рече судијката Васка Николовска Масевска.

На денешното рочиште ќе сведочи продуцентот и композиторот Александар Фута Радуловиќ, сопруг на Марина Туцаковиќ. Овој сведок е предложен од обвинетиот Бојан Јовановски.

Судењето е во тек.

В.В.

Поврзани новости