Две и пол години го чекав денешниот избор на судии во Апелациониот суд Скопје како прворангирана од Основниот кривичен суд. Изборот е скандалозен, реагира на својот Фејсбук профил судијката од Кривичниот суд, Оља Ристова која денеска не го доби мнозинството гласови во Судскиот совет.
-Го чекав денешниот избор на судии во Апелационен суд Скопје, две и пол години, како прво рангирана од Основниот кривичен суд Скопје. Изборот е скандалозен и сериозно се става под знак прашање рангирањето и ранг листата и пресудното влијание на Бадентеровото мнозинство.Судскиот совет мора итно да се распушти и реформира!!!!, пишува Ристовa.
Ристова доби 8 гласа “за” и четири “против”, но не го доби потребното мнозинство по Бадентер, каде доби 2 гласа “за” и три “против”.