Одлуката дали бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ во секој момент треба да ја донесе судијката на претходна постапка, Даниела Димовска, која пред повеќе од два месеци веќе еднаш донесе одлука Кочан да не оди во притвор, односно го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по жалбата на СЈО му одреди притвор на бизнисменот, а Апелација ја потврди одлуката. Но по петочната одлука на Врховниот суд овие две решенија да се укинат, предметот се врати на повторно одлучување.
Судијката Димовска има искуство од само осум месеци, односно на 5 септември минатата година била избрана за судија, и веднаш била распоредена во одделението Кривична материја претходна постапка.
Во случајот „Труст“, како што информираше СЈО, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра, доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на мехнизација и за кадровска екипираност.
В.В.