Судијката Алексовска-Стојановска донела законска пресуда и не била пристрасна во предметот против Васил Јаванов

by fokus

Судскиот совет денеска утврди дека не бил прекршен законот при санкционирањето на Васил Јованов во случајот во кој му се судело за дрога. Јованов е обвинет и за прегазувањето на Фросина Кулакова на бул.Партизански одреди“ во Скопје.

Како што беше соопштено на седницата, членовите на работната група на 7 февруари ги посетиле Кривичниот и Апелацискиот суд во Скопје при што извршиле увид во предметите и разговор со судијата Даниела Алексовска Стојановска и судијата известител Тања Милева од Апелацискиот суд Скопје.

– Во просториите на Основиот кривичен суд Скопје е извршен разговор со судијата Даниела Алексовска Стојановска и на прашањата кои беа актуелни во јавноста ни даде одговор дека нејзиниот сопруг работел во иста фирма „Искрател“ со мајката на обвинетиот од 2003 до 2008, во океански систем со 70 вработени, се познавале, но не биле пријатели, ниту куќни пријатели, ниту пак таа лично ја познавала мајката на обвинетиот. Во однос на издадениот деловен објект на партијата СДСМ во Ранковце појасни дека бил издаден од страна на нејзиниот татко многу одамна, а кој би починат од 2018 година, досега немале ништо променето во однос на тој договор за закуп, а моментално куќата се водела по една третина на судијата, нејзината мајка и сестра, информираше претседателката на Комисијата Данка Ристова.

Комисијата, како што појасни, констатирала дека судијата Алексовска-Стојановска ја донела одлуката за изрекување заводска мерка согласно член 70 од Законот за правда на децата во кој е регулирано дека за време на пресудувањето на полнолетно лице кое не наполнило 21 година може да му биде изречена заводска мерка ако со оглед на неговата личност и околностите под кои е сторено делото може да очекува дека со воспитната мерка ќе се постигне целта што би се остварила со изрекување на казната.

– Од увидот во предметот, Комисијата утврди дека почитувајќи го принципот на презумпција на невиност во списите на предметот за обвинетиот постои дека обвинетиот е неосудуван, односно нема податоци за негова осудуваност од казнентата евиденција, не се доставени податоци од ОЈО Скопје дека против него се водат кривични постапки, ниту пак, ОЈО Скопје достави решение дека во согласност со оштетениот, го одложил кривичното гонење за сообраќајна незгода која ја сторил обвинетиот односно за кривично дело за кое е пропишана казна затвор до три години ако осомичениот е подготвен да се однесува според упатствата на јавниот обвинител, што е предвидено како можност согласно член 43, став 1, од ЗКП, а како факт дека вакво решение постоело беше и во јавните гласила потврдено од овластениот тужител. Податоците што работната група ги утврди од увидот во кривичната пријава од МВР, Единица за недозволена трговија со дрога и луѓе, дека обвинетиот повеќепати е контролиран поради поседување на растителна материја која во моментот на поднесување на пријавата во ОЈО Скопје не била вештачена, а во еден случај е пронајдена и одземена од обвинетиот и дигитална сива вага, според одредбите од ЗКП не се доказ во кривична постапка и овие податоци судијата правилно не ги зела во предвид при пресудувањето. Зошто овие дејствија преземени од Едиицата за недозволена трговија со дрога и оружје не биле процесуирани со завршница е прашање за самите нив и за ОЈО Скопје, рече Ристова.

Решението со кое на обвинетиот му е укинат притворот, судечкиот судија го донел применувајќи ја одредбата од член 173, став 1, точка 5, од ЗКП, сметајќи дека кога на обвинетиот не му е изречена казна затвор треба поради изречената заводска мерка истото да биде укинато по службена должност кое според изјавата на судијата како одлука било пракса во судот.

Тоа, како што наведе претсдателката на Комсијата, не можеле да го проверат бидејќи вакви предмети со изречена заводска мерка на помлад полнолетен сторител се многу ретки. Решението со кое на обвинетиот му е укинат притворот не е обжалено од Основното јавно обвиителство Скопје.

Работната група му предложи на Судскиот совет да го достави извештајот до ОЈО Скопје и до Советот на јави обвиители.

– Наводите за пристарасност при одлучувањето на судијата во однос на постоење на причини за изземање од член 33 од ЗКП оваа работна група смета дека испитаните околности не се од таков карактер да предизвикуваат сомневање во нејзината пристрасност и не се во рамки на предвидените причини за изземање од член 33, став 1 и 2 од ЗКП, наведе Ристова.

Апелациониот суд Скопје на 7 февруари ја одби како неоснована жалбата на Васил Јованов за ова дело, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи и ја преиначи одлуката во затворска казна во траење од три години и десет месеци.

Одлуката по кривичниот предмет KЖ- 1047/24 била донесена на затворена седница на 5 февруари годинава.

– Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци, соопшти тогаш Апелацискиот суд.

Поврзани новости