518
Врховниот судија Киро Здравев е новиот претседател на Судскиот совет. Членовите на Судскиот совет едногласно со 12 гласа „ЗА“ го избраа Здравев за наследник на досегашниот претседател Зоран Караџовски.
Мандатот на новиот претседател почнува на 27 април.
Здравев го заменува досегашниот претседател Зоран Караџовски, кому утре му истекува мандатот, а беше на таа позиција 3 години.
За заменик-претседател е предложен Селим Адеми, кому во октомври годинава му истекува мандатот како член на Советот.