Судијата Туфегџиќ ќе стане адвокат

by fokus

Судијата Владимир Туфегџиќ информира дека поднел барање до Судскиот совет за престанок на вршењето на судиската функција. Во неговото образложение објавено на фејсбук тој вели дека кариерата ќе ја продолжи како адвокат.

-Денеска после долго размислување до Судскиот совет на РСМ поднесов барање за престанок на вршење на судиската функција по сопствено барање, заклучно со 01.12.2021 година.
Судиската функција ја доживувам како престижна статусна функција која претставува предизвик, да се реализира судија од кариера преку постојано едуцирање и напредок во кариерата.
Доколку не се оствари напредувањето во кариерата, како основна цел, мотив и двигател во секоја работа, особено на судиската функција, поради нарушен систем на вредности, тогаш започнува да се губи смислата и мотивот да се продолжи понатаму во истиот амбиент, пишува судијата Туфегџиќ.

Тој додава дека кариерата ќе ја продолжи во угледна адвокатска канцеларија.

-После престанокот на мандатот, мојата кариера ќе ја продолжам понатаму како дел од угледна адвокатска канцеларија и ќе продолжам да се залагам за воспоставување на вистинските вредности и вреднување, особено за целосно елиминирање на политиката и политичките влијанија во правосудството, пишува судијата.

Поврзани новости