Судијата Трпков реизбран за претседател на Подружницата на судии

by fokus

Судијата Илија Трпков вчера повторно беше избран за претседател на Подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје.

Реизборот на судијата Трпков, како што информираат, е поради претходните успешни активности и потврдена анимација на работата на Кривичниот суд Скопје.

-Сето ова е во интерес на самите судии и сите принципи на обезбедување на правдата согласно законите и Уставот и ратификуваните меѓународни договори. Подружницата се залага за сите права на судиите, како и за правата на граѓаните-странките во постапката. Очекуваме конструктивни предлози кои соодветно ќе ги проследиме и реализираме, се вели во соопштението од Подружницата на судии на Кривичниот суд Скопје.

Судијата Трпков го суди случајот “Плацевите на Водно”, а беше судија и во предметот “Организаторите на 27 април”.

Поврзани новости