Зоран Теофиловски, актуелниот член на Судскиот совет денеска сам се пријавил во Кривичниот суд. Алсат неофицијално дознава дека таму се повикал на имунитетот, што во пракса значи дека распитот воопшто не се одржал. На потег е Судскиот совет, каде и тој членува, за 24 часа да се состане и да одлучи дали ќе му го одземе имунитетот или не.
Теофиловски пред една година стана член на телото кое именува и разрешува судии, а на позицијата дојде од гостиварскиот аплецаионен суд.
Пријавувањето на Теофиловски следува откако вчера тој не беше достапен за органите на прогонот.
Тој е осомничен за истрага што ја отвори Обвинителството за организиран криминал, а во врска со нелегална приватизација на земјиште.
Во истата истрага осомничени се уште седуммина, меѓу кои и поранешни вработени во општина Тетово, кои по барање на Теофиловски легализирале објект кој не постоел, а потоа бил продаден. Штетата е проценета на 860.000 евра.