545
Судијата Осман Шабани мораше да го одложи денешното рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО поради отсуство на обвинетата екс министерка, Гордана Јанкуловска.
Како што соопшти адвокатката, Сања Алексиќ, Јанкуловска по породувањето се уште се наоѓа во болницата „Ремедика“.
Шабани порача Јанкуловска да ужива сега со бебето, но на 16 август задолжително да се појави на судење.
Шабани и даде простор од 45 дена на Јанкуловска, што е законски минимум. Следните рочишта се закажани за 16, 17 и 20 август.