Денеска во Кривичниот суд требаше од почеток да стартува судењето за случајот “ТНТ”, поради оставката на поротничката, но во судница како и вчера, не се појави обвинетиот Тони Трајковски, поранешен градоначалник.
Неговиот адвокат Јовица Страшевски рече дека Трајковски не добил покана, а судијата Огнен Ставрев истакна дека за судот Трајковски уредно е повикан, бидејќи судскиот курир бил пред неговиот дом, но никој не му отворил.
Судијата го одложи денешното рочиште, и за нараднето, кое е закажано за утре, нареди Трајковски присилно да се донесе во судот, а за во иднина најави дека ќе има драстични мерки, доколку избегнува да се појави на рочиште.
На местото на поротничката која си даде оставка е поставена нова поротничка, а назначен е и заменски поротник.
В.В.