449
Судијата Огнен Ставрев му удоволи на екс преиерот Никола Груевски и на останатите обвинети во слуајот ТНТ, бомбите од прислушуваните разговори да не се слушаат денес во судница, со што наредното рочиште го закажа за 5 април.
Груевски и останатите се расправаа со судијата, потсетувајќи го дека за денешното рочиште им најавил дека ќе бидат изведувани другите докази, но не и бомбите, поради што не се спремиле за нивно слушање.
Иако, судијата Ставрев на почетокот имаше цврт став дека тој одлучува за текот на судското рочиште и за тоа кои докази прво ќе бидат изведени, сепак попушти и одлучи за одлагање на рочиштето.