Судијата Јосифов кој ја водеше истрагата за смртта на Младенов, сега ќе му суди на Груевски

by fokus

Судијата Душан Јосифов од Основниот суд Скопје 1, кој ја водеше истрагата за смртта на новинарот и сопственикот на „Фокус“, Никола Младенов, сега ќе му суди на Никола Груевски и на останатите обвинети во случајот на СЈО „Насилството во Центар“, објави Сведок.

Според новиот распоред кој го направи претседателот на судот, Иван Џолев, Јосифов овој предмет го наследи од судијката Татјана Михајлова, која е прераспоредена во одделението за прекршоци.

Името на судијата Јосифов оддекна во јавноста во март 2013 година, која медиумите пишуваа дека предвреме го напуштил увидот, односно не го истражи детално местото каде што загина Младенов.

Неговото име се споменуваше и во бомбите, односно во еден разговор на тогашната министерка Гордана Јакулоска и Иво Котески, во кој Котески признава дека истражниот судија направил пропусти во истрагата.

Фотографија: Академик

 

 

Поврзани новости