Судијата Фаик Арслани на местото на Вангеловски

by fokus

Судскиот совет на денешната седница го разреши Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд, поради нестручно и несовесно постапување.

За в.д. претседател на Врховниот суд е избран врховниот судија Фаик Арслани.

Освен Вангеловски разрешени се уште двајца други судии.

На одлуката на Судскиот совет, разрешените судии заедно со Вангеловски имаат право да поднесат жалба до Врховниот суд.

Според податоците објавени на сајтот на Врховниот суд, судијата Арслани претходно работел како судија и адвокат во Гостивар, а бил и министер за локална самоуправа. Во 2010 година бил избран за судија во Врховниот суд.
-Од 1.06.1984 година до 4.07.1988 година – вработен во Општинското јавно обвинителство – Гостивар. Од 5.07.1988 година до 30.06.1996 година – претседател на Општинскиот суд за прекршоци – Гостивар. Од 1.07.1996 година до 12.05.2001 година – судија при Основниот суд Гостивар. Од 13.05.2001 година до 30.06.2003 година – Министер за Локална самоуправа при Владата на Република Македонија. Од 1.07.2003 година до 31.07.2008 година –адвокат со седиште во Гостивар, регистриран при Адвокатска комора на РМ. Од 1.08.2008 година – член на Советот на јавните обвинители на РМ избран со Одлука на Собранието на РМ, објавен во Сл. Весник бр.96 од 31.07.2008 година. Од 09.10.2009 година на правниот факултет во Приштина се стекнал со диплома за посдипломски судии и со степен на наобразба м-р по правни –управни науки. Од септември 2010 година судија на Врховниот суд на Република Македонија, пишува во неговата биографија.

 

Поврзани новости