Судија посочен во предмет до ДКСК, ќе биде ставен на листа за проверка на имот во 2022 година

by Fokus

По барање за преиспитување на одлука односно постапувањето, водењето на постапката од страна на судија и барање за кривично гонење пред ОЈО, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) откако го разгледале предметот и утврдиле дека не е нивна надлежност, на денешната седница одлучи пријавата да се упати на надлежно постапување на Судски совет на РС Македонија.

Судијата посочен во предметот, заклучија на денешната седница членовите на Антикорупција, да се вклучи во годишниот план за проверка на податоците од анкетниот лист за имотната состојба, со годишната програма од 2022 година.

Катица Николовска, член на ДКСК, која образложи повеќе предмети пристигнати и разгледувани во Антикорупција, информира дека имаат дадено издржани забелешки до Министерството за финансии за новиот Нацрт – закон за ревизија.

Поврзани новости