Судиите нема да протестираат на 28 април

by Fokus

Предупредувачкиот протест, најавен за 28 април од страна на Здружениот на судии на РСМ, се пролонгира од причина што од Владата се преземени конкретни чекори, што се однесуваат на веќе договорените Измени на Законот за платите на судиите, а во однос на зголемувањето на коефициентот за пресметка на платите на судиите од 15 отсто, информираат од Здружениот на судии на РСМ.

Од таму додаваат дека изрази очекуваат дека овие измени во најкраток можен рок, ќе бидат усвоени од страна на Собранието.

– Управниот одбор и понатаму ќе го следи процесот на реализација на веќе договорените прашања со Владата на РСМ и целосна имплементација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите, за што, во секое време ќе ги активира сите расположливи правни и останати механизми до целосно остварување на зацртаните определби, велат од Здружението на судии.

Поврзани новости