683
Кратењето на платите на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор ќе ги опфати и судиите и јавните обвинители. Ова е објавено во Уредбата со законска сила објавена во „Службен весник“ број 97, од 9 април 2020 година, а донесена на седница на Владата на 7 април, јави 360 степени.
-Одредбите од оваа уредба со законска сила се однесуваат и на избраните судии кои остваруваат право на плата согласно Законот за платите на судиите и на јавните обвинители кои остваруваат право на плата согласно Законот за платите на јавните обвинители, пишува во Член 2 од Уредбата.
Ова значи дека и судиите и јавните обвинители ќе земат плата од 14 500 денари за месеците април и мај.