Владата го зголеми буџетот и капацитетите, останува на судиите и на јавните обвинители да ја завршуваат својата обврска со интегритет, да не бидат подложни на надворешни влијанија и да се држат исклучиво до законите, порача денеска вицепремиерката за политики на добро владеење Славица Грковска.
Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на денешната Регионална конференција за борба против корупцијата во Скопје, Грковска рече дека тоа што Владата го направила досега не е доволно, меѓутоа, факт е дека од страна на тоа што Владата можело да го направи, како голем исчекор е направено.
– Останува на судиите и на обвинителите да ја завршуваат својата обврска со интегритет, да не бидат подложни на надворешни влијанија и да се држат исклучиво до законите и едноставно да влеат доверба во граѓаните која што за жал сега ја немаат, дека непристрасно ги носат одлуките и дека законите важат за сите подеднакво без разлика дали за политичари или бизнисмени, изјави Грковска.