390
Утрово од 8 часот па се до 15 часот попладне се гласа за избор на двајца нови членови на Судскиот совет. Право на глас имаат 236 судии.
Ќе се бира еден член од Врховен каде единствен кандидат е Наќе Георгиев, додека на листата за членови од скопското апелационо подрачје има двајца кандидати: Антоанета Димовска, судија од Граѓанскиот суд во Скопје и Лазар Нанев судија од Основниот суд во Кавадарци.
Нови членови во Судскиот совет се бираат бидејќи претходно беа испразнети две места поради оставките на врховната судијка Мирајна Радевска Стефкова и апелациониот судија Зоран Герасимовски кои во своето образложение рекоа дека воопшто не се согласуваат со работењето на ова тело.