468
Неколку стотици граѓани во попладнево се собраа на протест пред Уставниот суд да го изразат револтот за како што велат, срамната одлука на Судот претседателот на државата да може да помилува осудени за изборни измами.
Со извикување „Нема правда, нема мир“ и „Судии мафија“ групата граѓани која протестираше побара оставка од уставните судии кои гласаа „за“ ваквата одлука.
-Ние граѓаните нема да дозволиме крадците на нашите животи, преку партиски узурпираниот Уставен суд да си ги спасат своите злосторничко-криминални „кожи“ од издржување на заслужените затворски казни. Нема да дозволиме повторно да си поигруваат со државните институции како да се нивен личен имот или партиски огранок, стоеше во најавата на протестот.