Судењто на Трамп во Џорџија ќе се емитува во живо

by Fokus

Судењето на Доналд Трамп во Џорџија поради обвиненијата за изборна измама ќе се пренесува во живо и ќе се емитува на телевизија, одлучи судијата, јави Би-би-си.

Сите рочишта ќе бидат достапни во живо на каналот на Јутјуб на окружниот суд Фултон, рече судијата Скот Мекафи. Датумот за судењето сè уште не е одреден, но може да биде следната година кога г-дин Трамп ќе се кандидира за претседател.

Трамп и 18 лица се обвинети за заговор за поништување на резултатите од претседателските избори во државата во 2020 година.

Поранешниот републикански претседател, кој се соочува со три други кривични судења, се изјасни за невин по 13-те обвиненија со кои се соочува во американската држава Џорџија.

Сите постапки во судовите на округот Фултон обично се пренесуваат во живо.

Сепак, тоа ќе биде единственото од четирите судења на Трамп што ќе се емитува и може да биде едно од најгледаните судења во последниве години.

Трамп минатата недела накратко отпатува во Атланта за да се предаде во затворот во округот Фултон.

Поврзани новости