Судењето за „ТНТ“ траеше до 20:30 часот

by fokus

Синоќа заврши судскиот процес за одмаздничкото уривање на комплексот „Космос“ по нарачка на избеганиот во Унгарија експремиер Никола Груевски, кој е првообвинет во предметот „ТНТ“, и со реализација на Миле Јанакиески, Тони Трајковски (ексградоначалник на Гази Баба) и вработени во општината, објави порталот СДК.

„Околу 8.30 часот заврши сослушувањето на сите сведоци. Последните беа вештаци и сведоци на обвинетите, предложени од нивните адвокати. Утре во 9.30 часот продолжува судењето за ТНТ. Ќе се сослушуваат обвинетите, сите, освен избеганиот Груевски, кому му се суди во отсуство“, потврдија синоќа за САКАМДАКАЖАМ.МК од Основниот суд Скопје 1.

Поврзани новости