Судењето „Титаник“ се одложи поради трансферот на предметите на СЈО

by fokus

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за случајот „Титаник“ побара одложување, бидејќи како што рече во тек е предавање на предметите на СЈО во Републичкото јавно обвинителство.

– Последното рочиште за овој случај се одржа на 4 септември. На 10 септември републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески не извести дека Катица Јанева дала допис дека дава согласност сите предмети да бидат предадени на редовното обвинителство. Во моментот во СЈО е присутна комисија од републичкото обвинителство за примопредавање на предметите. Предлагам рочиштето да се одложи, рече обвинителката Стефанова.

Адвокатот Димитар Дангов пак побара на увид да им биде доставен дописот кој Јанева го пратила од притвор.

Пратеникот Илија Димовски, кој е еден од осомничените, и реагираше на обвинителката Стефанова дека најпрвин требало да има правен основ за трансфер на предметите, но судијата Осман Шабани му укажа дека судот не може да се меша.

Судијата Шабани истакна дека рочиштето се одлага за 24 септември.

В.В.

 

Поврзани новости