Судењето на актерката Стојановска ќе почне отпочеток

Таа и нејзината одбрана поднесоа жалба до Апелациониот суд со која бараа повторување на судењето или ослободување.

by fokus

Апелациониот суд донесе одлука да го врати на повторно судење предметот во кој актерката Силвија Стојановска беше осудена на три ипол години затвор поради делото кое и се става на товар: шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Таа и нејзината одбрана поднесоа жалба до Апелациониот суд со која бараа повторување на судењето или ослободување.

Минатиот месец Стојановска во интервју за „Фокус“  рече дека не знаела ништо за дрогата, а доказите на Судот на ниту еден начин не ја докажуваат поврзаноста со делото. Очекуваше Апелација да ја ослободи.

Доказите кои ги имаше доставено обвинителката  ги добив дури на крајот на судењето. Ниту една од тие 2000 страници не е доказ за сторено кривично дело во кое јас сум учествувала. Заради тоа, таа не сакаше да ги презентира како содржина, туку само ги наведуваше како наслови. Да појаснам: Кога ќе чуете дека за некоја работа има над 150 докази, тоа изгледа многу сериозно. Но кога ќе ја прочитате содржината на тие докази, ќе видите дека нема ништо, рече тогаш Стојановска.

Жалба поднесе и првоовинетиот Воислав Будисављевиќ, кој беше првостепено осуден на седум години затвор. Но, наместо ослободување или враќање на судењето отпочеток како што бараше, Апелација нему му ја зголеми казната на 12 години затвор.

К.С.Б.

 

Поврзани новости