Сите граѓани кои во моментов имаат возила со стандард Еуро 2 и 3 ќе може да се откажат со цел да се снабдат со нови возила кои се над Еуро 5, и ние како Министерство ќе им помогнеме со сума од 3.000 евра, вели во интервју за „Алсат-М“, министерот за економија Крешник Бектеши.
-Но сепак ќе има граница, односно цената на новиот автомобил треба да биде од 10.000 до 12.000 евра. Ова не се однесува само на ново возило. Граѓаните не треба да купат кола од продажен салон односно со нула километража, исто така може да одат и да купат од салоните кои увезуваат, но треба да имаат предвид да имаат стандарди над Еуро 5. Нема разлика што се однесува на моделот на автомобилот, секој кој има старо возило со стандард Евро 3, ќе може да се откаже од тој автомобил и да купи возило според своја желба. Но сигурно дека возилото не треба да чини над 12.000 евра бидејќи ние сме предвиделе субвенции од 3.000 евра односно 20 до 30 проценти од вредноста на новото возило – вели Бектеши.
Во врска со владините субвенции за поставување плински уреди во автомобилите, Бектеши рече дека се прават напори мерката да започне од оваа година, а да важи ретроактивно и за оние кои ги поставиле овие уреди почнувајќи од 1 јануари годинава.
-Ние предвидовме оваа мерка оваа година да стартува, но тоа зависи од Министерството за економија и од ребалансот на буџетот. Побаравме 20 милиони денари од Министерството, се разбира средствата ќе се зголемат за 2020 година. Значи ако има ребаланс наши очекувања се дека дека субвенционирањето на плински или уреди за метан да почне од оваа година – рече Бектеши.