Субрата се враќа посилен: Покрај Џумајлија, ветува и вселенска програма – УЏУМајлија

by lali

Индискиот бизнисмен Субрата Рој денеска од затворот во Њу Делхи уште еднаш вети дека Џумајлија и сите други проекти во Македонија ќе се остварат и како што најави во план е уште еден, уште пограндиозен проект.

Имено, на една од нивите во Џумајлија, Субрата ќе изгради ракетодром кој ќе го користи за својата вселенска програма наречена  УЏУМајлија. За таа цел тим од македонски и индиски експерти веќе работат на вселенскиот брод кој ќе биде финансиран исклучиво од конзорциумот на Субрата, кој од „Сахара Индија Паривар“ деновиве се преименува во „Сахара Индија Пари-јок“!

– За вселенската програма мотив ми беше веста дека човештвото успеа преку сондата Розета да се качи на комета, а Македонија е земјата која го дешифрираше Каменот од Розета. Мислите дека тоа е случајно? Не би рекол! – заклучи Субрата по што настапи општ молк.

Disklejmer

Поврзани новости