Субрата се премисли: Наместо споменик на Мајка Тереза, биста за хуманитарецот Мијалков

by lali 09:28
09:28

Иако Субрата Рој додека беше на слобода ветуваше дека ќе направи огромен споменик на Мајка Тереза на скопскиот плоштад, сепак вестите од индискиот затвор велат дека тајкунот се предомислил и ќе даде уште повеќе пари само во центарот на Скопје да никне споменик на хуманитарецот Сашо Мијалков.

Имено, кога популарниот Суби чул дека Мијалков парите од „Фокус“ ќе ги даде во хуманитарни цели се утепал од плачење и веднаш, без размислување дал наредба споменикот што ќе го донира да биде со ликот и со делото на Сашо Мијалков.

- Advertising -

– Многу сме возбудени! Значи, споменикот ќе го нарачаме во бел мермер, исто како Ченто, оти тука некаде се по делото за македонштината. Потоа, ќе му ставиме црвен крст на грбот за оддалеку целата композиција да личи на знакот од Црвениот крст бидејќи толку е голема неговата хуманост – изјави за Вестите од иднината министерката Елизабета Канческа-Милевска со солзи во очите.

Disklejmer

Поврзани новости