1.1K
Доктор Суад Зејнел од Клиниката за Пулмологија ќе биде нов директор на Институтот за Белодробни заболувања и ТБЦ, а д-р Башким Османи ќе раководи со ЈЗУ Клиниката за Ревматологија.
Д-р Зејнел и Д-р Османи доаѓаат на местата на Арбен Љабеништа и Филип Гучев кои досега раководеа со овие клиники.
Се очекува до крајот на неделата да бидат именувани нови директори и во Центарот за Јавно здравје, ЈЗУ Клиниката за Кардиологија, ЈЗУ Клиниката за токсикологија, ЈЗУ Клиниката за детски болести како Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.