Суад Мисини штрајкува со глад за поддршка на мигрантите

by Фокус

Аналитичарот Суад Мисини, денеска пред Собранието започна да штрајкува со глад и бара итно да се реши проблемот со имигрантите сместени во прифатниот центар во Гази Баба.

„Барам итно и веднаш: Итно усвојување на измените на законот за азил, кои ќе им овозможат безбеден транзит или привремен престој на бегалците кои минуваат низ територијата на Македонија, како и слободна употреба на сите јавно достапни средства за транспорт: Конкретни и јавно објавени мерки од страна на Министерството за внатрешни работи во насока на заштита на животот, сигурноста и имотот на бегалците; Итно ослободување на сите бегалци и имигранти уапсени во центарот на Гази Баба и негово итно затворање. Штрајкот нема да заврши, освен ако не се исполнети овие барања“, напишал Мисини на својот Фејсбук профил.

Неговиот револ е последица на непреземањето мерки од страна на државата за решавање на проблемот со мигрантите чиј број секојдневно се зголемува. Не само што немаат каде да се сместат, тие се и често пати жртви на криминалци. Голем дел од мигрантите загинаа на железничката пруга одејќи од грчката кон српската граница.

Поврзани новости