Нова студија во САД покажува дека вакцините против Ковид-19 овозможуваат силна заштита од хоспитализација и смрт, дури и во случаи кои ја вклучуваат високо заразната варијанта делта.
Студијата, која следела 600.000 луѓе од април до средината на јули, открила дека луѓето кои не биле вакцинирани имале 10 пати поголема веројатност да бидат сместени во болница и 11 пати поголема веројатност да завршат со смрт од оние кои биле потполно вакцинирани, пренесе Гласот на Америка.
Невакцинираните имале 4,5 пати поголеми шанси да се заразат, според студијата која вчера ја објави Центарот за контрола и превенција на болести .
Истиот Центар објави и две други студии кои покажуваат дека заштитата од вакцините се намалува кај постарата публикација, посебно кај оние од 75 години нагоре.
Студијата, исто така, покажа пораст на поблаги инфекции меѓу потполно вакцинираните.