774
Медицинскиот центар Шеба во близина на Тел Авив денеска ги објави резултатите од прелиминарната студија која покажува дека четвртата доза од вакцина против коронавирус обезбедува само ограничена одбрана од новиот вид на коронавирус Омикрон.
Во декември во таа болница почна вакцинацијата на повеќе од 270 здравствени работници со уште еден бустер. Вакцина на Модерна примија 120 луѓе и 154 на Фајзер/Бионтек.
Сите претходно биле вакцинирани трипати со вакцината на Фајзер.
Клиничките испитувања открија малку повеќе антитела отколку по третата вакцина, минатата година, но тоа не го спречи ширењето на сојот Омикрон.