Студија: 91 процент од излекуваните од Ковид-19 имаат компликации

by fokus

Според најновите откритија на научниците, Ковид-19 кај некои пациенти може долгорочно значително да ја оштети работата на бубрезите, црниот дроб, срцето и мозокот.

Неодамнешно истражување покажа дека дури 91 процент од пациентите кои „закрепнале“ имаат најмалку една долгорочна компликација од оваа болест, пишува „Бест Лајф“.

Новите откритија се резултат на студија спроведена на 965 пациенти кои се излекувале од Ковид-19 во Јужна Кореја, а дури 91 процент од нив рекле дека имаат еден долгорочен симптом.

Заморот бил најчест симптом, пријавен кај 26 проценти од пациентите, а тешкотии со концентрацијата биле пријавени кај 25 проценти од пациентите, според Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА).

Многу пациенти рекле дека имаат и психолошки проблеми и долгорочно губење на чувството за вкус и мирис, кај некои од нив оваа последица била присутна дури и неколку месеци по завршувањето на болничкото лекување.

Поврзани новости