Министерството за образование и наука информира дека денеска се одржала втора средба на Работната група за утврдување на потребата за измени на Законот за високо образование. Во групата е вклучен и странскиот експерт за високо образование, г-дин Џамил Салми, кој ќе учествува во процесот на подготовка на нов Закон за високо образование.
Измените е Законот ќе ги опфатат сите аспекти од статусот и организацијата на универзитетот, велат од Министерството. Освен начинот на управување на факултетите и статусот на наставниците, Законот ќе го регулира и начинот на кој студентите ќе се организираат во рамки на универзитетот и процесот на нострификација на дипломите.
Работната група е составена од Министерот за образование и наука, Рената Дескоска, претставници од државните и приватните универзитети, синдикатите од областа на образованието и претставници од Професорскиот и Студентскиот пленум.