514
Наместо досегашното збирно место кај платото на УКИМ, студентите одлучија третиот протест да го почнат кај владата. Тие во петок, во 14 часот повторно ќе се соберат, како што велат најмасовно досега и гласно ќе кажат „не“ против воведувањето на државниот испит на факултетите и против новите законски измени во образованието.
Студентите претходно излегоа на два протести. Првиот беше на 17 ноември, кога на изненадување на сите се собраа околу 3.000 студенти, додека вториот протест беше на 10 декември, каде се собраа околу 10.000 студенти. Меѓутоа, и тоа не го поколеба државниот врв на владина седница уште еднаш да го поддржи воведувањето на државен испит на факултетите.