Студентскиот пленум објави видеа од нападот на студентите во читалната

by Фокус

Студентскиот пленум на Фејсбук објави видеa, на како што напиша, настанот кога МВР упаднале во читалната Браќа Миладиновци на Партизанска.

” Грозоморна снимка од тоа како студентите беа брутално нападнати додека спремаат испити и колоквиуми“.

Полициската бруталност мора да престане! Ова нема да помине неказнето!
‪#‎НемаПравдаНемаМир‬”, објавија Пленумци.

Синоќа Пленумци на нивниот блог објавија дека “Заедницата на социјалните мрежи споделува монструозни и за жал вистинити наводи дека специјалците вечерва влегле и во читалната “Браќа Миладиновци”, додека бркале некој од демонстрантите”.

Според досегашните информации, влегле 50 желки и почнале да ги бркаат и буткаат студентите без никаква причина, притоа заканувајќи им се дека ќе добијат кривични пријави под никаква основа!

Во моментов ситуацијата е смирена, а има и новинарски екипи. НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР! #ПоздравПленумци, објави Студентскиот пленум на нивниот блог.

Сите видеа може да ги гледате на фејсбук страната на Студентски пленум

Поврзани новости