Студентскиот пленум на Фејсбук објави видеa, на како што напиша, настанот кога МВР упаднале во читалната Браќа Миладиновци на Партизанска.
” Грозоморна снимка од тоа како студентите беа брутално нападнати додека спремаат испити и колоквиуми“.
Полициската бруталност мора да престане! Ова нема да помине неказнето!
#НемаПравдаНемаМир”, објавија Пленумци.
Синоќа Пленумци на нивниот блог објавија дека “Заедницата на социјалните мрежи споделува монструозни и за жал вистинити наводи дека специјалците вечерва влегле и во читалната “Браќа Миладиновци”, додека бркале некој од демонстрантите”.
Според досегашните информации, влегле 50 желки и почнале да ги бркаат и буткаат студентите без никаква причина, притоа заканувајќи им се дека ќе добијат кривични пријави под никаква основа!
Во моментов ситуацијата е смирена, а има и новинарски екипи. НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР! #ПоздравПленумци, објави Студентскиот пленум на нивниот блог.
Сите видеа може да ги гледате на фејсбук страната на Студентски пленум