Студентски ПУЧ среде предавање: Што Каракамишева мисли за новиот албум на Цеца?

by Фокус

Студенти за кои се претпоставува дека се дел од „„Студентскиот Пленум“ влегоа на предавање кај професорката на Правниот Факултет, Тања Каракамишева. Тие успејаа да снимат и видеоклип, кој се врти на социјалните мрежи во кој се гледа како се шегуваат со нејзината радио-водителска улога па почнале да ја прашуваат за тоа каков е нејзиниот став за новиот албум на Цеца, објави порталот први.мк.

Инаку, нивна цел била да им даде одговор за тоа што значи членот 46 од Уставот на Република Македонија кој ја дефинира автономијата на Универзитетите. Откако тоа не успеало, почнале да прават шеги на нејзина сметка, бидејќи таа беше еден од главните поборници за прифаќање на новите владини „реформи“ во високото образование.

Поврзани новости